1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кина избира ново државно раководство

Во Пекинг започна големиот Народен конгрес на кој пратениците треба формално да го изберат новото државно раководство. Не се најавуваат драстични промени на курсот на државата

Во Пекинг денеска започна заседанието на Секинескиот народен конгрес на кој околу три илјади членови на кинескиот парламент треба официјално да го потврдат изборот на новото државно раководство. Премиерот Вен Ѓибао на почетокот на 12 -дневното заседание во Палатата на народите на плоштадот Тјенанмен поднесе извештај за работата на владата.

Вен ги оцени последните пет години како „извонреден период“ набројувајќи ги успесите во областа на истражувањето на вселената и електрониката, како и

Volkskongress China 2013

Старио и новиот премиер, Вен Ѓибао и Ли Кечианг

поставувајќи нови цели за економијата.

Новите кинески челници на функциите треба да останат во следните пет години.

Генералниот секретар на Комунистичката партија на Кина, Си Ѓинпин треба да биде формално избран за претседател на Републиката како наследник на досегашниот шеф на државата Ху Ѓинтао. Ли Кечианг ќе го наследи Ѓибао на премиерската функција. Во годишниот говор за работата на владата, премиерот во заминување најави дека во иднина фокусот нема да биде на раст по секоја цена, туку приоритет ќе имаат социјалните програми. Вен најави дека новото кинеско раководство води внимателна монетарна политика и предвиде раст за тековната 2013 година од 7,5 отсто.

Конгресот се одвива во сенка на бројни случаи на корупција на високи партиски членови. Во јавноста кружат информации дека семејството на Вен поседува богатство во вредност од околу 2,2 милијарди долари. Во говорот, Вен кусо порача дека „властите ќе ја зајакнат борбата против корупцијата“.

Заседанието завршува на 17 март кога наследникот на Вен, Ли Кечианг ќе одржи конференција за печат.