1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кина ги повика САД да ги заштитат инвеститорите

Кина, која поседува најголем дел од долгот на САД, го повика Вашингтон да ги заштити интересите на инвестоторите, откако рејтинг агенциите се заканија дека ќе ја намалат оценката за кредитоспособноста на земјата.

default

По американската агенција „Мудис“, и водечката кинеска рејтинг агенција „Дагонг“ се закани дека ќе ја намали оценката за кредитоспособноста на САД. Тоа би можело да се случи дури и ако Конгресот и Белата куќа се согласат за зголемување на законската граница за максимално задолжување на државата, зашто американската влада нема вистинска политика за намалување на буџетскиот дефицит, се наведува во документ на агенцијата „Дагонг“. Кина е најголем кредитор на САД и во своја сопственоcт има државни обврзници на САД во вредност од 1,15 билиони долари.

Logo der Moody's Corp. in New York

Во таа насока официјален Пекинг денеска го повика Вашингтон да ги заштити интересите на инвеститорите.

„Се надеваме дека американската влада ќе усвои одговорни политики и мерки за да ги осигура интересите на инвеститорите“, изјави портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Хонг Леи.

Во меѓувреме, спорот околу предлог буџетот и задолжувањето во САД доби нова димензија, откако рејтинг агенцијата „Мудис“ се закани дека САД би можеле да го загубат највисокиот кредитен рејтинг „Ааа“ . „Постои мал, но растечки ризик“ за привремена платежна неспособност, објасни „Мудис“. Според наводи на демократите, оваа оценка на „Мудис“, веќе одиграла улога во разговорите со републиканците околу зголемувањето на законската граница на максимално задолжување, чекор што е неопходен за да САД останат во можност да ги враќаат кредитите и да земаат нови. Видлив напредок меѓутоа не е постигнат.

Автор:СН/БГ/афп/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска