1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кина во вселената со германска техника

За првпат во историјата беше лансиран кинески вселенски брод со германска технологија на бродот. Со ова се означува нова ера на соработката меѓу двете земји.

default

Со ваква кинеска ракета во вселената стигнува германска техника

Вселенскиот брод без екипаж „Шенжу 8“ полета од пустината Гоби со цел во веселената да однесе апаратура која треба со вкупно 17 биомедицински експеримети да ја истражува безтежинската состојба. Освен ова Кинезите за првпат ќе направат обид да го спојат леталото со веселенски модул, што е предуслов за изградба на кинеска вселенска станица до 2020 година. За наредната година се планирани уште два лета, од кои најмалку едниот ќе биде со екипаж.

Кинеската страна има намера натамошно да ја надградува соработката со Германија, информира раководителот на научниот проект од Германскиот центар за вселенски летови, Петер Прој. Освен ова сорбаотката била изворедна. „Нашите кинески колеги чинат се’ за проектот да биде успешен.“

Предвидено е вселенсиот брод „ Шенжу 8“  на 17 ноември да слета во внатрешноста на Монголија, по што пробите ќе бидат преземени од научен тим и ќе пренесени во Пекинг на анализа. 

Автор: АТ/ ЖА/дв/дпа

Редактор: Симе Недевски