1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ким Јонг Ун промовиран во нов севернокорејски лидер

Медиумите во Северна Кореја го нарекоа Ким Јонг Ун лидер на Работничката партија, во уште еден сигнал дека тој ја презема власта по смртта на татко му.

default

Ким Јонг Ун

Синот на покојниот севернокорејски лидер Ким Јонг Ил денеска за првпат официјално беше наречен „лидер“ на Работничката партија, што е важен показател дека Ким Јонг Ун по смртта на неговиот татко ги презема најважните политички и воени функции во земјата.

Една недела по смртта на Ким Јонг Ил, кампањата за инсталирање на неговиот син како наследник на функцијата зема замав. Државните медиуми во саботата го нарекоа Ун „врховен водач“ на армијата на Северна Кореја која брои 1,2 милиони војници, и наведоа дека воените функционери му се заколнале на верност.

Nordkorea Kim Jong Il aufgebahrt

Посмртните останки на Ким Јонг Ил

Ким Јонг Ил со Северна Кореја владееше како лидер на трите главни државни органи- Работничката партија, Народната армија и Националната комисија за одбрана. Неговиот татко Ким Ил Сунг, кој почина во 1994 година и натаму останува „вечен претседател“ на комунистичката земја.

Инаку во Пјонгјанг пристигнаа првите две странски делегации со гости од Јужна Кореја кои ќе изразат сочуство поради смртта на Ким Јонг Ил. Првата делегација ја предводи сопругата на поранешниот јужнокорејски претседател Ким Дае Јунг, Ли Хи Хо. Посетата се смета за приватна и таа нема да остане на државниот погреб закажан за в среда.

Автор: БГ/ап

Редактор: Ж. Ацеска

DW.COM