1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ким Јонг Ун: Војна може да започне без претходно предупредување

Напрегната атмосфера на Корејскиот полуостров. Јужна Кореја и САД стравуваат дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун би можел да се обиде преку воени провокации да го засили внатрешното единство во земјата.

Севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун побарал од војската да ја зголеми борбената готовност, наведувајќи дека постои можност да избие војна „без никакво претходно предупредување“. Неговата изјава, која ја пренесоа локалните медиуми, доаѓа во време на зголемена напнатост на Корејскиот полуостров по егзекуцијата на неговиот тетин и некогашен негов ментор Јанг Сонг Таек.

Ким ја посетил командата на големата комбинирана единица 526 во градот Нампо во северозападниот дел на земјата и дал инструкции да даде се од себе за да ја заокружи својата борбена готовност имајќи на ум дека постои можност да избие војна без никакви претходни најави.

Јужна Кореја и САД стравуваат дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун би можел, по екзекуцијата на Јанг Сонг Таек да се обиде преку воени провокации да го засили внатрешното единиство во земјата

Јужнокорејската претседателка Парк геун Хјуе вчера предупреди дека Сеул ќе одговори немилосрдно на каква било провокација од страна на северниот сосед. Таа, во воена униформа, ја посети границата со Северна Кореја и ситуацијата ја оценила како многу опасна, пренесуваат светските агенции.