1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Киднапирањето на Македонецот-недоразбирање

По три дена заложништво,вчера попладнето Талибанците ги ослободија четворицата соработници на Меѓународниот црвен крст во Авганистан.Меѓу нив беше еден Македонец,еден Бурманец и двајца Авганистанци

default

Борци на Северната алијанса во Тора Бора

Радикалните бунтовници ја ценат работата на Црвениот крст,изјави портпаролот.Ослободувањето на соработниците на хуманитарната организација Талибанците го снимиле во пропагадни цели,а заложниците на снимката го минимизираат она што го доживеале.На неа макеоднскиот државјанин Ирфан Сулејмани изјавува:

„Направивме долг марш низ планините,додека денес утрото не стигнавме во рамницата.Поминавме две ноќи во една куќа во планините,вели Сулејмани,а потоа еден од Талибанците го коригира,тоа беше гостилница“

„Да,две ноќи во гостилница“ потврдува Ирфан Сулејмани на снимката.Меѓународниот црвен крст го известил семејството на Сулејмани,неговата сопруга и двете деца во Тетово за ослободувањето и тие го очекуваат неговото враќање по два три дена.

Но, мисијата на четворицата соработници на Црвениот крст,да посредуваат во ослободувањето на гермаснкиот инженер Рудолф Б.кој,веќе дваипол месеци е во рацете на киднаперите во провинцијата Вардак,остана неисполнета.

Тој само за влакно остана во рацете на грабнувачите,само 800 метри го делеле од слободата.Четворицата припадници на Црвениот крст по спогодбата со киднаприте веќе биле на пат кон неговото скривалиште во планините,а германскиот инженер на пат кон местото каде требало да биде извршено примопредавање,кога договорот бил раскинат.Германкиот инженер и четворицата други авганистански заложници со него биле вратени назад.

Локалните Талибанци велат дека се почувствувале излажани и поради тоа го заробиле возилото со четворицата соработници на Црвениот крст,но племнското раководство им наредило да ги ослободат.