1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Киднапирањето на Зејдан - уште еден сигнал за хаосот во Либија

Грабнувањето на премиерот Али Зејдан само го засили впечатокот за хаосот кој владее во Либија. Аналитичарите велат дека без помош од странските влади, земјата може да се распадне.

Киднапирањето на премиерот Зејдан се случи во период на политички превирања во Либија, испровоцирани, меѓу другото, и поради апсењето на лидерот на локалниот огранок на Ал Каеда, Абу Анас Ал Либи, од страна на американските командоси. Апсењето на Либи го стави Зејдан во незавидна позиција. Иако во четвртокот, во интервју за БиБиСи, Зејдан тврдеше дека „Либија не сака да ги предава своите синови“, и дека на Либијците треба да им се суди во земјата, тој сепак апелираше и за меѓународна помош во пресметката со милитантните групи во земјата.

„Она што тој го бара, е она што секоја слаба влада која има работа со милитанти го посакува на својата територија. Тоа е меѓународна поддршка без мешање во внатрешните работи. Слична е состојбата и во Пакистан. И тие сакаат меѓународна помош но според нивни услови. Тие сакаат сателитски податоци, дронови, нешта кои само Европа и САД ги поседуваат“, вели Шашканк Јоши, аналитичар во Кралскиот Институт.

Лоша безбедносна состојба

Libyen Parlament Tripolis Innenansicht

Либиската армија нема контрола врз целата територија на државата

Либиската влада е во незавидна позиција. Триполи не сака да ги критикува САД, својот најмоќен сојузник, но исто така сака и да им се додвори на граѓаните кои веруваат дека владата соработува во киднапирањето на либиски државјани.

„Ќе се фокусираме на човековите и граѓанските права и на неопходноста да се добие фер судење. Владата ги става повисоките, национални интереси во преден план“, вели министерот за правда Салах Ал Маргани.

Тие повисоки национални интереси се диктирани од фактот дека вооружените милиции, вклучително и исламските милитанти, контролираат специфични делови од земјата. Накусо, безбедносната состојба во Либија е речиси катастрофална, вели Чарлс Гурдон, директор за безбедност во консултантската куќа Менас во Британија. Се случија серија атентати врз армиски офицери, за кои се осомничени исламски милитанти и приврзеници на поранешниот претседател Моамер Гадафи.

„Дополнително, пристаништата на истокот во моментов се блокирани, па Либија извезува само дел од својата нафта. Владата мора да ги поткупува милициите за да и‘ дозволат приод“, вели Гурдон.

Политички слабости

Слабостите на владата се и политички. „Премиерот е многу непопуларен,

Gesuchter Al-Kaida-Anführer in Tripolis gefasst Nazih Abdul-Hamed al Raghie

Уапсениот локален лидер на Ал Каеда, Либи

особено меѓу исламистичките групи. Постои технократска влада, која ја води технократски премиер. Парламентот го избра, но тој не беше главен кандидат, туку компромисно решение. Проблемот е што нема кој да го замени“, вели Гурдон.

Повиците на Зејдан за странска помош не може да дојдат во полош период, затоа што ниту Европа ниту САД не се заинтересирани за уште една странска мисија. „Ним им треба некој кој ќе ја истренира армијата да ги разоружа милициите и оние кои имаат врски со Ал Каеда“, смета Гурдон.

Вториот проблем за западните влади е кому да му веруваат во земјата. „Не постои доверба за размена на чувствителни разузнавачки податоци. Дополнително, нема доверба ниту во тамошниот судски систем. Поради тоа е тешко Зејдан да ја добие помошта која ја бара. Ќе им помогнат за контролата на границите, но листата на нешта за кои на Либија и треба помош е предолга“, вели Шашанк Јоши.