1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Киднапирани, тепани, убиени

Оној, кој во Украина се ангажира во протестите, го ризикува животот. Активистите се киднапираат и се тепани. Еден од нив почина, други се исчезнати. Сторителите: непознати.

На една три метри висока барикада од вреќи снег, која го попречува пристапот до Плоштадот на независноста во Киев на улицата Институтска виси еден плакат. „Белорусија е со вас!“ стои напишано со големи црни букви на бела позадина. Гест на солидарност на белоруските опозиционери. Пораката меѓутоа може да се сфати и вака: Во Украина владеат услови како во соседната република.

Смрт во шума со врзани раце

Една фотографија, која виси во близина на плакатот, го алудира тоа. На неа може да се види еден човек со брада - 50 годишниот сеизмолог Јуриј Вербизкиј од западноукраинскиот Ливов беше пронајден мртов на 22. јануари 2014. во една шума крај Киев. Неговите раце биле врзани со лепак и по телото имал траги од измачување. Детали не се познати. Смртта кај Вербизкиј настапила поради ниските температури и смрзнување на телото, заклучија лекарите. Во Украина во моментов температурите се под минус 15 степени. Полицијата води истрага поради убиство.

Demonstration und Proteste in Kiew 23.01.2014

Плоштадот на ензависноста во Киев

Вербизкиј учествуваше на протестите во Киев и бил повреден во окото. Еден друг активист, Ихор Лузенко го однел во болница. Таму двајцата биле киднапирани од околу десет непознати лица, однесени во шума и таму биле тепани, раскажува Лузенко во разговор со Дојче веле. „Тоа беа луѓе кои се лојални на владата и претседателот“, рече активистот, кој лежи во една болница во Киев. „Тие се подготовени на сѐ, и на смрт, за да ја штитат земјата - така овие луѓе гледаат на протестите на Мајдан“. Лузенко верува дека грабнувачите на Вербизкиј не сакале да го убијат, „од друга страна пак и воопшто не се грижеа дали ќе преживее“. Тие сакале на опозиционите активисти „повеќе да им одржат лекција“, уверен е Лузенко. Тој мисли дека тие луѓе се активни и на други места.

Изчезнат водачот на „Аутомајдан“

Не станува збор за изолирани случаи. Од 22. јануари во Киев е изчезнат Дмитро Булатов. Овој 35- годишен маж е еден од водачите на т.н. „Аутомајдан“. Така се нарекува групата од претежно млади луѓе со сопствени автомобили, која се разви во движечка сила зад протестите.

Булатов беше тој кој во неделата на 19.01.2014 при една манифестација во Киев ги повика украинските водачи на опозицијата да се договорат за еден лидер на протестите. Откако опозицијата се спротивстави, дојде до радикализација на уличните протести. Подоцна Булатов се изјасни дека „Аутомајдан“ стои зад партијата на Витали Кличко, УДАР.

Активистите од „Аутомајдан“ возат низ градот и се обидуваат да блокираат автобуси со вонредни единици на полицијата. При една таква акција уапсени беа повеќе од десет активисти, соопшти полицијата. „Можно е владата да има врска со неговото исчезнување“, вели за ДВ Олекиј Хризенко, активист од „Аутомајдан“. Тоа би било најверојатното објаснување. „До денес не знаеме дали е жив“. Но, можно е Булатов да се крие, оти веќе повеќепати му се заканувале, смета Хризенко. Пријателите во меѓувреме ветија премија во висина од 25.000 долари за информации за судбината на Булатов.

Ukraine Juschtschenko bezeichnet Journalistenmord als aufgeklärt Georgy Gongadse

Новинарот Гонгардзе беше убиен во 2000 година

Исто така и од другите градови на Украина пристигнуваат информации за исчезнати активисти. Витали Портников, еден влијателен новинар и член на координативниот совет на опозиционото движење, побегна од Украина. Тој добил информации дека „треба да биде новиот Георги Гонгадзе“. Гонгадзе беше новинар во Киев, критички настроен кон владата, кој есента 2000. беше киднапиран од полицијата и убиен во шума. Овој случај предизвика длабока политичка криза.

„Ескадрони на смртта“ како во Белорусија?

Некои експерти веќе говорат за „ескадрони на смртта“, составени од полицајци и криминалци. Нивна задача е да ги киднапираат посебно ангажираните опозиционери, да ги тепаат и убиваат. Сето тоа би требало да ги заплаши протестантите, се претпоставува. Некои веруваат дека зад тоа се кријат руски тајни агенти. Но, и за тоа има само индиции, но не и докази.

„Ескадрони на смртта“ е поим кој досега не беше познат во Украина, туку во Белорусија. Таму, пред сѐ во 90-тите години, без трага исчезнаа повеќемина опозициони политичари и новинари. Најмалу во еден случај пред суд беше докажано дека зад смртта на еден новинар стојат официри на белоруските тајни служби.