1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Киднапирани па ослободени работници на ЕСМ

*

Вооружена униформирана група вчера накратко киднапирала па ослободила петмина вработени во Елекстростопанство на Македонија кај шарпланинското село Божовце кон северната граница на Косово, јави синоќа скопската телевизија Канал 5. Според истиот извор ги киднапирале 20 вооружени лица. Никој од работниците не е повреден, но им се заканиле да не се враќаат во селото. Според изјавите на селаните на кои се повикува Канал 5 во тој реон патролираат криминалци меѓу кои и неодамна избеганите затвореници од косовскиот затвор Дубрава. Електродистрибуција го пријавила инцидентот во МВР.