Киднапирани Германци-напори за ослободување | Вести | DW | 04.04.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Киднапирани Германци-напори за ослободување

Германската сојузна влада изрази длабока загриженост за судбината на двајцата киднапирани Германци во Ирак.Новата видео снимка со повторен ултиматум за повлекување на германските трупи од Авганистан е шокирачка и нечовечка,оцени шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер.Тој изрази надеж дека напорите на кризниот штаб за ослободување на киднапираните ќе дадат резултат.