1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Киднапирани Германци во Ирак?

Според медиумски извештаи, двајца Германци се најверојатно киднапирани во Ирак. Засега нема официјална потврда.

Германската амбасада во Багдад

Германската амбасада во Багдад

Весниците „Берлинер моргенпост“ и „Шпигел онлајн“ повикувајќи се на разузнавачки извори пишуваат дека двајцата Германци чиј идентитет за сега е непознат, биле киднапирани во Багдад пред неколку дена. Од министерството за надворешни работи и од амбасадата во Багдад нема потврда на информацијата, но нема ниту демант. Во утринскиот магазин на втората германска телевизија, репортерот од Багдад јавува дека за сега нема конкретни информации , но дека во германската амбасада вработените се „растрчани“, а воведена е и забрана за лиферување информации, што според него укажува дека нешто сепак се случило.

Во изминативе петнаесет месеци во Ирак беа киднапирани тројца Германци, но сите беа ослободени. Двајцата инжинери Рене Бројнлих и Томас Ничке беа киднапирани па пуштени по три месеци минатиот мај, додека арехеологот Сузане Остхов беше ослободена по три недели во декември 2005 година.