*
Германскиот инженер Рудолф.Б. кој од јули е заложник на авганистанските екстремисти во видео порака апелираше за негово спасување. Во пораката објавена на интернет страница на една авганистанска новинска агенција, 62 годишниот германец апелира до германската и авганистанската влада да ги засилат напорите за негово ослободување пред претстојната зима. Според агенциски извештаи, германецот заедно со уште петмина авганистански заложници се наоѓа во плансинскиот регион во провинцијата Газни.