1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кери ја наследува Клинтон

Џон Кери е новиот државен секретар на САД. Набљудувачите се интересираат дали неговата претходничка Хилари Клинтон ќе се обиде да го наследи претседателот на САД, Барак Обама.

Хилари Клинтон повеќе не е државен секретар на САД. Како нејзин наследник на чело на Стејт департментот вчера во Вашингон заклетва положи демократот Џон Кери.

Џон Кери е 68. министер за надворешни работи на САД. Тој има 69. години и е виетнамски ветеран. Долги години беше сенатор, а во 2004. година беше и кандидат за претседател на Демократите во САД, но ја загуби трката за Белата куќа од претседателот Џорџ Буш.

Билансот на Клинтон

Клинтон претходно се поздрави со соработниците во Министерството за надворешни работи. „Кога ќе погледнам на изминатите четири години, тогаш сум многу горда на работата, која заеднички ја извршивме“, изјави Клинтон во Вашингтон пред соработниците на министерството. САД денеска имале подобра позција во светот, отколку кога таа стапила на должност во 2009 година.

Hillary Clinton letzter Tag im Büro

Последниот работен ден на Клинтон во Стејт департментот

Со писмо Клинтон му се заблагодари на претседателот Барак Обама за соработката. И’ било чест да биде дел од неговиот кабинет. Клинтон последно беше на удар на критиката поради нападот врз американскиот конзулат во Бенгази. Таа ја презема политичката одговорност за безбедносните недостатоци, кои се утврдени во извештајот од истрагата на министерството за надворешни работи.

Меѓу граѓаните на САД Клинтон е сепак популарна. Во анкета на весникот „Вашинготн пост“ и телевизијата „ЕјБиСи“ објавена минатата недела Клинтон има поддршка од 67 проценти.

Набљудувачите се интересираат дали Клинтон сака да го наследи Обама на претседателската функција. Обама, по вториот мандат, кој тукушто започна нема да смее повеќе да се кандидира. Хилари Клинтон пред неколку години му беше конкурент на Обама за претстедатеската кандидатура, но откако Обама ја доби довербата на Демократската партија, а потоа и на американските граѓани, Клинтон го презема министерството за надворешни работи.