1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кери: „Цврсти докази“ за употреба на хемиско оружје во Сирија

Според зборовите на американскиот министер за надворешни работи Џон Кери има „црвсти докази“ дека владините трупи во Сирија употребиле хемиско оружје против бунтовниците.

Не постои никаков сомнеж дека режимот на претседателот Башар ал-Асад направи ужасен избор и покажа подготвеност да убие меѓу 70 и 100 илјади луѓе од сопствениот народ, како и да употреби отровен гас, изјави шефот на американскиот Стејт департмент Џон Кери за време на онлајн разговор со интернет корисниците. За употребата на отровен гас според проценките на американската влада постојат „цврсти докази“, додаде американскиот министер за надворешни работи.

Каков вид докази постојат и од кого потекнуваат, Кери не појасни. Тој исто така не говореше ниту за можни воени консеквенци. Наместо тоа, Кери истакна дека САД и натаму се залагаат за дипломатско решение. Ако сите страни покажат одговорност и подготвеност за договор, можно е мирно ставање крај на крвавата граѓанска војна во Сирија, истакна Кери. Овој процес меѓутоа ќе биде многу, многу тежок, додаде шефот на Стејт департментот. Тој повторно потенцираше дека решение за конфликтот е можно само без Башар ал-Асад.

Американскиот претседател Барак Обама претходно ја означи употребата на хемиско оужје во Сирија како „црвена линија“ која режимот на Башар ал-Асад не смее да ја премине. Во спротивно ќе се соочи со воени последици.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, кој на 16 мај ќе се сретне во Вашингтон со Обама, пак, вчера изјави дека верува оти Сирија употребила хемиско оружје и со тоа ја поминала „црвената линија“ поставена од американскиот претседател.

„Јасно е дека сирискиот режим употребил хемиско оружје и ракети“, посочи Ердоган, Тој истакна дека на тоа укажуваат пронајдените делови од испалени сириски ракети, но и симптомите кај сириските бегалци.

Тој притоа ги повика САД на интензивна акција против сирискиот претседател Башар ал-Асад. Турскиот премиер повтори дека неговата земја ќе поддржи зона за забранети летови над Сирија.