1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кери инсистира на забрзување на преговорите за Блиски Исток

Американскиот министер за надворешни работи Џон Кери е на нова рунда разговори за придвижување на блискоисточните преговори за мир. Тој сака да ги доведе Израел и Палестинците на преговарачка маса најбрзо што е можно.

Шефот на американската дипломатија Џон Кери вчеравечер (27.06) во Ерусалим се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Министер од израелската владејачка партија Ликуд претходно изјави дека Нетанјаху е подготвен на повлекување од повеќе од 90 проценти од Западниот брег доколку бидат договорени безбедносни правила со Палестинците. Премиерот е свесен дека „мора да бидат урнати повеќе од само неколку доселенички населби“, го цитира весникот „Хаарец“ министерот, чие име не се споменува.

Ова е петта посета на Кери на регионот од почетокот на годинава. Тој претходно во Јордан разговараше со кралот Абдула Втори. Денеска американскиот министер за надворешни работи има средба со претседателот на Палестинците Махмуд Абас, а утре е можна уште една средба со Нетанјаху. Кери во средата (26.06) во Кувајт побара забрзување на преговорите за мир. „Итно е, зашто времето е најголем непријател на мировниот процес“, рече тој, додавајќи дека тоа го знаат и Израел и Палестинците. „Мора да има придвижување, и тоа најбрзо што е можно“, потенцираше Кери.