1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кери во Јапонија на разговори за заканите од Пјонгјанг

Во рамките на напорите за намалување на затегнатоста на Корејскиот полуостров, американскиот министер за надворешни работи Џон Кери ја продолжи неговата азиска турнеја со посета на Јапонија.

Американскиот државен секретар Џон Кери престојува во Јапонија, која по Јужна Кореја и Кина е последна дестинација на неговата азиска турнеја посветена на нуклеарната закана од Северна Кореја.

Кери во Токио се среќава со неговиот колега домаќин Фумио Кушида, со кого ќе разговара за натамошниот заеднички пристап кон севернокорејските закани за ракетен напад врз САД и нејзините сојузници. Претходно јапонскиот министер за одбрана Ицунори Онодера го повика режимот во Пјонгјанг на атомско разоружување. Јапонија е оддалечена помалку од 1000 километри од Северна Кореја и е во рамките на дострелот на севернокорејските ракети. За спречување на евентуален напад, јапонските власти имаат испратено воени бродови во Јапонското море кои се подготвени да соборуваат проектили.

Најверојатно меѓу темите за кои Кери ќе разговара со претставниците на јапонските власти ќе биде и територијалниот спор меѓу Јапонија и Кина.

Кери вчера во Пекинг со претставници на кинескиот државен врв исто така разговараше за можностите за запирање на заканите за војна од страна на Пјонгјанг, како и за тоа како да се убеди Северна Кореја да се врати на преговорите. Американскиот министер и кинеските претставници истакнаа дека ќе се заложат за атомско разоружување на Северна Кореја.

Тој претходно, во Јужна Кореја, порача дека Пјонгјанг ќе направи „огромна грешка“ ако истрела една од своите ракети со среден дострел.