1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кери во Кабул преговара за безбедносниот договор

Американскиот министер за надворешни работи Џон Кери има намера во директен разговор со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи да го надмине застојот во преговорите околу безбедносниот договор.

Шефот на американската дипломатија Џон Кери пристигна во Кабул денеска (11.10.), во посета која претходно не беше најавена. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи неодамна изјави дека Кабул би можел да се откаже од безбедносниот договор доколку условите не се прифатливи. Спорниот безбедносен договор меѓу Кабул и Вашингтон е предуслов за стационирање на странски трупи во Авганистан по 2014 година. Имено, на 31 декември 2014 година НАТО ја завршува својата борбена мисија во Авганистан и треба да почне нова мисија на обука и советување на авганистанската армија.

Дали ваквата мисија на обука воопшто ќе започне е нејасно, со оглед на тоа што САД, како најважен НАТО-партнер и со далеку најброен контингент војници во Авганистан, се‘ уште нема дадено конкретна согласност. Причина за тоа е застојот во преговорите околу безбедносниот договор, чиј централен дел е статутот на трупите, кој треба да ги заштитува американските војници од кривично гонење во Авганистан. Поради тоа што во Ирак нема ваков статут, САД во 2011 година ги повлекоа сите свои војници од нестабилната земја. Продолжување на мисијата во Авганистан без САД и без статут за трупите е незамисливо и за останатите НАТО-партнери.