1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кери бара помош од Кина

САД сметаат на Кина во решaвањето на Корејската криза. Американскиот министер за надворешни работи Џон Kери во Пекинг побара Кина да влијае врз Северна Кореја.

Шефот на американската дипломатија Џон Кери на средбата ос кинескиот колега Ванг Ји зборуваше за „огромни предизвици“ кои претстојат. Ванг рече дека посетата на Кери доаѓа во „критично време“. По средбата со Ванг, Кери треба да разговара и со претседателот на Кина Ши Џинпинг и премиерот Ли Кечијанг.

Ниту една друга земја на светот нема толкаво влијание врз Северна Кореја како Кина, изјави Кери пред да тргне за Кина. Но, раководството во Пекинг, кое е традиционално поврзано со Пјонгјанг, своите можности за влијание врз решението на конфликтот ги оценува како ограничени. Во Кина се вели дека САД треба директно да разговараат со севернокорејското раководство.

Единствениот сојузник на Северна Кореја досега е воздржан. Кина стравува од бегалски бран во случај состојбата на Корејскиот полусостров да се влошува натамошно. Сепак, тонот на Кина во последно време малку се промени. претседателот Ши Џинпинг предупреди дека ниту една земја не смее да го втурне регионот или цел свет во хаос поради себични мотиви. Добро вооружената, но сиромашна Кореја, економски зависи многу од Кина.