1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Керим за Дојче Веле: ова е голема чест за Македонија

Новоизбраниот претседател на Генералното собрание на ОН, Др.Срѓан Керим, за Дојче Веле изјави дека од новата позиција нема да се вклучува во грчко – македонскиот спор со името.

„Во рамките на системот на ОН, постојат утврдени механизми за негово решавање, доколку се роди потреба јас ќе ги ставам на располагање своите услуги, но сепак таа одлука треба да ја донесат владите на двете земји“.

Керим во инрервјуто за ДВ вели дека „оваа функција е голема чест за Македонија, бидејќи порано земјата била консумент на услугите на ОН за кризен менаџмент, сега Македонија се разви во членка која презема огромна одговорност во Светската организација“,

Керим кој на функцијата, почнувајќи од септември ќе биде една година, вчера беше избран со акламација од сите 192 земји членки.