1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Кенијката, Вангари Матаи добитничка на Нобеловата награда за мир

Втора година по ред наградата ја добива жена. По Иранката Ширин Ебади минатата година , норвешкиот Нобелов Комитет денеска објави дека овогодишна лауреатка е заштитничката на животната средина од Кенија

Вангари Матаи

Вангари Матаи

"Благодарна сум , и многу среќна"

Вангари Матаи многу се радуваше и беше целосно изненадена од одлуката на Нобеловиот комитет од Осло, да и ја доддели Нобеловата награда за мир за 2004-та година.

Изненадувањето не зачудува поради тоа што оваа година за наградата беа кандидирани дури 144 личности и уште 50 организации – што претставува една рекордна бројка.

Но сепак претседавачот со норвешкиот Нобелов Комитет Оле Данболд Мјес, претпладнето ја соопшти долгоочекуваната одлука:

“Норвешкиот Нобелов Комитет одлучи да и ја додели Нобеловата награда за мир на Вангари Матаи за нејзиниот придонес кон одржливиот развој , демократијата и мирот- соопшти претседавачот на Комитетот во Осло.

Тој изрази задоволство од одлуката одлуката на петчлениот Гремиум, образложувајќи ја на следниов начин:

“ Матаи стоеше цврсто против поранешниот репресивен режим во Кенија. Таа служеше како инспирација за многумина во борбата за демократските права а таа особено ги охрабруваше жените да се борат за подобрување на нивната состојба".

“ Повеќе од само заштитувањето на постоечката животна средина , нејзината стратегија е да се обезбедат основите за еколошки одржлив развој – истакна меѓудругото Мјес.

Инаку Вангари Матаи е првата жена од Африка која е наградена со Нобеловата награда за мир и само 12-та жена досега која ја освоила престижниот лауреат.

Од другастрана пак последниот африкански добитник на наградата беше актуелниот генерален секретар на ОН , Кофи Анан.

Инаку матаи е основач на познатото еколошко движење Зелен појас , чие седиште е во Кенија . Организацијата во која главно членуваат жени досега учествувала во садењето на повеќе од 30 милиони дрва ширум Африка .

"Мирот во светот зависи од нашата способност да ја заштитуваме животната средина . Матаи стои на чело на борбата за промоција на еколошки -одржлив , социјален културен и економски развој во Кенија и Африка ” – јаобјасни врската меѓу екологијата и мирот Мјес.

Вангари Матаи, возврати со благодарност:

"Ова е големо признание и големо охрабрување. Знам дека многу луѓе тука во Кенија но и во Африка и светот , ќе бидат навистина охрабрени сега кога знаат дека Нобеловиот комитет ги признава напорите во сферата на заштитата на животната средина".