1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кенискиот претседател прогласи победа над терористите

Претседателот на Кенија објави дека е завршена операцијата против терористите кои нападнаа трговски центар во главниот град Најроби. Најмалку 72 лица ги загубија животите

Кенискиот претседател Ухуру Кенијата синоќа прогласи победа и објави крај на операцијата против исламистите кои го нападнаа трговскиот центар Вестгејт во Најроби. Во нападот се убиени 72 луѓе меѓу кои петмина од напаѓачите и шест војници. Повредени се 175 луѓе, а 11 терористи се уапсени.

Претседателот во телевизиско обраќање прогласи тридневна жалост која почнува денеска. Според него, кениските безбедносни сили „ги посрамотиле и победиле

напаѓачите“, по четиридневната опсада на трговскиот центар. Кенијата потврди дека во судирот со напаѓачите се урнале три ката на трговскиот центар.

Одговорноста за нападот ја презеде сомалиската терористичка група ал Шабаб која е поврзана со Ал Каеда. Портпарол на групата се закани со нови напади во Кенија ако таа држава не ги повлече војниците од Сомалија каде се борат против исламистички бунтовници од 2011 година.