1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Келн прв ќе го дознае победникот на Евровизија

Еднаш годишно повеќе од 100 милиони Европејци имаат нешто заедничко – Евровизија. За успешната приказна на Евровизијата улога игра и телевоутингот. А, сите гласови од гледачите и жирито најпрво доаѓаат во Келн.

Digame Letze Vorbereitungen für Eurovision Abstimmung

Наталија Ценкова со своите двајца колеги го предводи проектот за пребројување на евровизиските гласови

Последни минути пред генералната проба на гласањето во евровизиската телевоутинг централа во Келн. Шефот на тимот објаснува на што треба вработените во фирмата „Дигаме“ посебно да внимаваат. Тие мораат да бидат сигурни дека извештајот од гласањето од земјите навремено и без грешки ќе биде внесен во системот.

„Тука во возбудлива атмосфера ги поврзуваме сите работници од ’Дигаме’ на овој проект. Тоа значи дека секој од нив треба да се грижи за конкретна земја. Тука во салата со нас седат 60 луѓе, кои ќе треба да телефонираат во секоја земја и да осигураат на крајот дека се обезбедени точните резултати. Тоа е стресно, телефонот звони на секоја минута, но на крајот сите се радуваме, кога настанот ќе заврши и резултатот ќе биде прочитан од водителите“, вели Наталија Ценкова од фирмата „Дигаме“. Таа со двајца други тим лидери – Вернер Клеч и Рене Климкајт, е одговорна за обезбедувањето се’ да оди според планот.

„Ние го организираме телевоутингот. Тоа значи дека ние ги собираме гласовите од сите земји учеснички, ги процесуираме, пресметуваме и резултатот се дава на крајот од шоуто, а ние го обезбедуваме победникот“, вели Вернер Клеч. Наталија Ценкова го дополнува: „Тоа значи дека ние се грижиме за највозбудливите минути од програмата!“

Правила менувани повеќе пати

Eurovision 2012 Green Room

Евровизиската сцена во Баку

Правилата за гласање на евровизискиот натпревар, кој веќе има традиција од 56 години, повеќе пати се менувани. До 1998-ма година само членовите на жирито од сите земји учеснички доделуваа поени. Девет години подоцна, ЕБУ (Европската радиодифузна унија) одлучи дека публиката треба да ја преземе таа улога. Но, по мноштвото критики на оваа пракса, жирито се врати на должност во 2009-та година. При гласањето во земјите со една половина учествува публиката, а другата половина ја сочинуваат поените од жирито. Фирмата „Дигаме“ од Келн е одговорна за целокупниот телевоутинг од 2004-та година наваму.

ЕБУ се одлучи на ваквиот начин на организирање на гласањето затоа што сакаше да го организира посигурно и да има контрола над него, а фирмата Дигаме е одбрана затоа што е специјализирана за се’ што има врска со телевизија и интеракција. Таа фирма е одговорна и за интеракцијата со публиката во популарни германски телевизиски програми, како Deutschland sucht den Superstar (германската верзија на „Поп идол“) или, пак, „Кој сака да биде милионер“.

Digame Letze Vorbereitungen für Eurovision Abstimmung

Вработените се грижат за секоја земја одделно

Пред сите знаат кој победил

Кај Евровизијата работата е посложена. Гледачите се јавуваат на одреден телефонски број или праќаат СМС пораки, а тие стигнуваат за неколку минути во Келн, по што вработените почнуваат да ги пребројуваат гласовите и да ги претвораат во бодови. Потоа бодовите им се испраќаат на поединечните земји, од каде водителите во живо ги читаат резултатите.

„Секој резултат мора да биде проверен. Проверката и потврдата може малку да потрае, но по шест минути ги имаме готови сите резултати в недела навечер и знаеме кој е победникот, но не смееме да го откриеме“, објаснува Вернер Клеч.

Baku Eurovision Song Contest ESC 2012 - Mazedonien

За Калиопи се гласа в четврток

Оваа година, како и пред три години, публиката ќе има само 15 минути за гласање. Телефонските линии ќе се отворат по крајот на последната изведба. Со сигурност ова нема да биде последната промена во гласањето.

„Слично како што беше и со мобилните телефони, така и интернетот станува се’ поинтересен, така што во иднина сигурно дека и на тој начин би морало да се собираат гласови“, забележува Рене Климкет од фирмата „Дигаме“.

Но, сега не е толку значајно како ќе изгледа гласањето во иднина, туку кој ќе победи оваа година на Изборот за песна на евровизија во Азербејџан.