1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Келн му одржа лекција на Бајерн (М)

Борусија Дортмунд останува и по 21-то коло суверен лидер на табелата во германската фудбалска Бундеслига. Лидерот киксираше пред домашните навивачи во дербито против Шалке, но најблиските конкуренти минаа уште полошо.

default

Новаковиќ (Келн) го постигнува победничкиот гол против Бајерн

Лидерот на табелата Борусија (Д) киксна, но конкурентите минаа уште полошо. На отворањето на 21-то коло, Борусија одигра без голови во дербито против Шалке. Дортмунд беше далеку подобар противник од Шалке, но гостите од Гелзенкирхен на голот го имаа извонредниот Мануел Нојер.

„Јас ќе бев херој доколку победевме заедно со евентуалните наши голгетери. За жал Дортмунд имаше повеќе од шансите, а ние не. Сепак, добро е што успеавме да стигнеме до еден бод и се надевам дека тоа ќе ни даде мотив за понатамошни успеси“, изјави Нојер.

Torwart von FC Schalke 04 Manuel Neuer

Мануел Нојер (Шалке) блескаше против Борусија (Д)

Најблиските конкуренти на Дортмунд не успеаја да го искористат киксот. Второпласираниот Бајер Леверкузен забележи неочекуван пораз од 1:0 на гостувањето кај Нирнберг и сега заостанува 12 бода. Уште поизненадувачки од поразот на Бајер, беше извонредната победа на Келн над актуелниот првак Бајерн Минхен од 3:2, постигната и покрај водството на Бајерн од 2:0 на полувремето.

„Морам да кажам дека уживав во секоја досегашна победа на мојот тим во Бундеслигата, бидејќи не е едноставно да се освојат трите бода во Бундеслигата. Тоа е секогаш празник за мене, но веројатно победа против Бајерн и тоа на овој начин е сепак нешто посебно“, изјави тренерот на Келн, Франк Шефер.

Ѕвездите на Волфсбург пак се посрамотија

Бајерн по поразот падна на петтото место на табелата. Мајнц се искачи на четвртата позиција по нерешените 1:1 против Вердер, додека на третото место повторно е Хановер кој победи во регионалното дерби против Волфсбург со 1:0. Екипата на Волфсбург повторно се посрамоти, откако голманот Бенаљо ја пропушти топката под своите раце, а ѕвездата Диего промаши пенал кој воопшто не требаше да го шутира. На тренерот на Хановер, Мирко Сломка сето тоа му беше сеедно.

„За нас беше многу важно уште во првото полувреме да дојдеме во водство. Тоа ни даде поголема сигурност. До крајот се боревме и веројатно имавме и малку среќа, не само поради промашениот пенал. Но, мислам дека денеска се изборивме за победата“, рече Сломка.

Fussball Bundesliga 2010/11 21. Spieltag SC Freiburg Eintracht Frankfurt

Голгетерот на Фрајбург, Папис Сисе имаше „сушно“ коло

На шестото место на табелата остана тимот на Фрајбург кој вчера одигра без голови пред своите навивачи против Ајнтрахт. Неочекуван резултат, имајќи предвид дека нападите на двата тима ги предводеа вториот и третиот стрелец во првенството, Папис Сисе и Теофанис Гекас.

„Во првото полувреме бевме далеку подобри и имавме чисти шанси. Штета е што не си заминавме со трите бода, иако мора да се каже дека во вториот дел не игравме толку дисциплинирано во нападот“, изјави капитенот на гостите од Франкфурт, Патрик Окс.

Трилер во Менхенгладбах

Хофенхајм пред своите навивачи го совлада Кајзерслаутерн со 3:2 во интересен натпревар, по кој домаќините се зацврстија на седмата позиција, а Кајзерслаутерн повторно се врати во битката за опстанок. Извонреден дуел имаа можност да проследат навивачите во Менхенгладбах во саботата, иако резултатот секако не ги израдува многу. Домашната Борусија имаше предност од 2:0 на полувремето од дуелот против ривалот за опстанок во лигата - Штутгарт, но на крајот успеа да загуби. На поразот делумно му кумуваше и главниот судија на мечот, кој поништи чист погодок за Борусија при резултат 2:2, за потоа да досуди сомнителен пенал за Штутгарт пред самиот крај, со чија успешна реализација гостите си заминаа со трите бода.

Fussball 1. Bundesliga Saison 2010/2011 21. Spieltag Borussia Moenchengladbach-VfB Stuttgart Flash-Galerie

Борусија (М) се поблиску до преселба во понизок ранг

„Се боревме до крајот. Направивме две грешки, по кои примивме два гола, иако ни во првото полувреме не игравме лошо. Сега за сето тоа ми е сеедно. Важно е дека продолживме да играме и на крајот и да победиме“, изјави стрелецот на победничкиот гол за Штутгарт, Тимо Гебхарт.

Викендов не се одржа градското дерби на Хамбург, меѓу екипите на Хамбургер и Сенкт Паули. Поројниот дожд го одложи натпреварот, но тоа не ги спречи хулиганите на двата клуба жестоко да се пресметаат меѓу себе низ улиците на градот. Најмалку 45 навивачи беа уапсени, а десетици полицајци повредени во немирите.

Автор: Матијас Цимонс/Борис Георгиевски

Редактор: Горан Чутаноски