1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Келн избега од дното во Бундеслигата

Борусија (Д) ја зголеми предноста на врвот, Келн избега од дното на табелата, а Шалке се врати на победничките патеки со хет-трик на Раул. Ова се главните наслови од 13-коло на германската фудбалска Бундеслига.

default

Марио Гомез му донесе бод на Бајерн против Бајер

Екипата на Келн не е повеќе „фенерџија“ на табелата, откако во неделата среќно дојде до трите бода на гостувањето кај Штутгарт. Одлучувачкиот момент во победата од 1:0 дојде во 82-та минута, кога Лукас Подолски од пенал им ги донесе трите бода на гостите. Играчите на Штутгарт не можеа да се помират со судиската одлука за пеналот. „Ова е горчливо, не знам дали беше пенал или не, но изгледаше како да не беше. Судијата можеше да досуди пенал и за нас во последната минута, кога веќе го свиреше таквиот пенал за Келн. Имавме многу шанси за гол кои требаше да ги реализираме, но не успеавме. Животот оди понатаму“, изјави Тимо Гебхарт од Штутгарт.

Борусија (М) повторно „фенерџија“

На дното на табелата сега повторно се најде Борусија Менхенгладбах, која на домашен терен загуби од Мајнц со 3:2. Пред Мајнц, пак, на самиот врв на табелата и натаму е Борусија Дортмунд. Лидерот ги однесе трите бода од Фрајбург, победувајќи со 2:1, иако на 15 минути пред крајот губеше со 0:1. Сепак, тренерот Јирген Клоп се уште не сака да го изговори зборот прваци. „Немам големо искуство кога се работи за водство на табелата, но во секој случај сум многу порелаксиран. Од 13 натпревари освоивме 34 бода и тоа е неверојатно. Сепак не смееме тука да застанеме. Исто така знаеме и дека тоа е една реална опција“, изјави Клоп.

Flash-Galerie Bundesliga 13. Spieltag 2010

Мохамад (Келн) во дуел против Погребњак (Штутгарт)

Во дербито на колото, Бајер и Бајерн одиграа нерешено 1:1. Капитенот на Леверкузен, Симон Ролфес беше задоволен од исходот. „Во ред е. Го задржавме Бајерн на 1:1, и тоа е многу важно, иако можеби и можевме да постигнеме и победнички гол. Од друга страна, и Бајерн имаше неколку шанси. Се’ на се’, беше добар натпревар, а ние сме на добар пат“, рече Ролфес.

На четвртото место се искачи Хановер по победата во дербито на северот над Хамбург од 3:2. „Ова беше еден супер хепи-енд. Мислам дека и двете екипи се изборија за по еден бод. И едните и другите имавме многу шанси, Хамбург можеби имаше повеќе, но среќни сме што го постигнавме одлучувачкиот погодок преку Мајк Ханке. Тоа е најдобар лек за сите рани“, изјави тренерот на Хановер, Мирко Сломка.

Фантастичниот Раул го разнесе Вердер

FC Schalke 04 gegen SV Werder Bremen

Раул беше херој на вечерта во победата на Шалке над Вердер

Уште подобар лек за своите рани откри тимот на Шалке, кој пред своите навивачи го растури Вердер со 4:0. Најдобар играч на теренот беше Шпанецот Раул кој постигна три гола, а неговиот тренер Феликс Магат беше пресреќен. „Денеска видовме еден Раул, каков што досега ретко имавме можност. Тоа беше врвен квалитет. Екипата полека напредува, а во второто полувреме одигравме извонредно“, оцени Магат, чиј тим сега се искачи на 15-то место на табелата.

Серијата од седум меча без пораз на Ајнтрахт Франкфурт претрпе драматичен прекин, по поразот на домашен терен од Хофенхајм од 4:0. Важни поени во борбата за опстанок освои и Кајзерслаутерн со победата од 3:1 на гостувањето кај Нирнберг, а во последниот меч од 13-то коло, Сенкт Паули и Волфсбург ремизираа, 1:1.

Автор: Лаура Деинг/ Борис Георгиевски

Редактор: Александра Трајковска