1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Келн во втората лига, Херта во баражот

Последното бундеслигашко коло одлучуваше за опстанокот во лигата и за пласманот во европските куп натпреварувања. Херта се извлече, Хановер повторно ќе игра во Европа. Борусија постави нов рекорд.

Екипата на Келн му се приклучи на Кајзерслаутерн, кој од следната сезона ќе игра во понизок ранг на натпреварување, а Херта обезбеди бараж за опстанок во последното 34. коло на германската Бундеслига.

Келн имаше шанса со победа на домашен терен над Бајерн Минхен да обезбеди бараж, но убедливо загуби со 4:1. Херта во Берлин, пак, само со победа над Хофенхајм можеше да се надева на бараж и успеа да стигне до трите бода. Домаќините победија со 3:1, и успеаја за еден бод да го минат Келн на табелата и да го освојат 16. место. Противникот на Херта во баражот ќе биде третопласираниот тим од втората Бундеслига.

Fußball 1. Bundesliga 34. Spieltag BVB Dortmund Dortmunds Spieler feiern mit der Meisterschale

Фудбалерите на Дортмунд ја слават титулата

Борусија Дортмунд, која уште пред две кола ја обезбеди втората едноподруго титула, на домашен терен беше убедлива против Фрајбург, победувајќи со 4:0. Трите бода истовремено значеа и нов рекорд од 81 освоен поен во Бундеслигата. Освен првакот и екипата на Бајерн Минхен која заврши на второто место, настап во Лигата на Шампионите следната сезона обезбедија и екипите на Шалке и на Борусија Менхенгладбах.

Хунтелар најдобар голгетер

Klaas-Jan Huntelaar

Клас Јан Хунтелар

Шалке нагости го совлада Вердер со 3:2, а големо остварување постигна голгетерот на Шалке, Клас Јан Хунтелар кој со 29 постигнати голови сезонава ја освои титулата најдобар стерелец, но истовремено и стана странски фудбалер со најмногу постигнати погодоци во една сезона.

Бајер Леверкузен, Штутгарт и Хановер со победи ги обезбедија позициите на табелата кои водат во Лига Европа. Леверкузен нагости го совлада Нирнберг со 4:1, Штутгарт беше поуспешен на домашен терен од Волфсбург со 3:2, додека Хановер го совлада Кајзерслаутерн со 2:1.

Во останатите мечеви кои не решаваа ништо Борусија Менхенгладбах го совлада Мајнц нагости со 3:0, а Аугсбург беше поуспешен од Хамбургер победувајќи со 1:0.