1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Келнската катедрала омилено место за посета на Германците

Келнската катедрала e втора по големина црква во Германија, трета во светот. Оваа грандиозна готска катедрала е најомилената туристичка дестинација на Германците. Во анкетите добро котираат и градовите Берлин и Дрезден.

default

Катедралата во Келн

Посетителите кои слегуваат на главната железничка станица во Келн многу пати можат да се видат како зачудувачки, со подотворена уста ја креваат главата за да ја погледнат импресивната градска катедрала, висока цели 157 метри. Затоа и не е чудно што 15,2 % од учесниците во неодамнешната анкета на јавното мислење ја одбрале готската градба како нивна омилена туристичка дестинација.

Во истражувањето, кое го спроведоа германската туристичка асоцијација и веб сајтот meinestadt.de, многу добро котира и главниот град на Германија, Берлин. Анкетираните преферираат четири обележја на Берлин - Бранденбуршката порта, Телевизиската кула, Рајхстагот, но и градот во целина.Дрезден, германската драгоценост во источниот дел на земјата, исто така е популарен меѓу Германците. Богородичната протестантска црква (Frauenkirche), што беше реновирана во 2005, го зазема третото место, а Операта Семпер е на 41-то место.За туристите кои не се од Германија, Октоберфест е синоним за земјата. Но зошто за саемот на баварското пиво гласаа само 3000 Германци? Октоберфест го доби 11-то место – што не е така лошо, но можеби и ќе котираше подобро доколку истражувањето се спроведеше меѓу туристите кои не се Германци.

Во прашалникот, Германците ги одбраа овие 10 локации како најомилени за туристичка посета.

  • Келнската катедрала
  • Дворецот Нојшванштајн (Швангау)
  • Богородичната протестантска црква (Дрезден)
  • Бранденбуршката порта (Берлин)
  • Пристаништето во Хамбург
  • Дворецот Сансуиси (Постдам)
  • Берлин
  • Споменикот за битката на нациите (Лајпциг)
  • Телевизиската кула (Берлин)
  • Висечката железница (Вупертал)