1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Келнската катедрала е спасена

Катердалата, или Дом, како што Германците ја нарекуваат, делува моќно во центарот на Келн. Двете куполи високи по 160 метри на божјата куќа изградена во готски стил му даваат специфично обележје на градот.

Зграда го попречува погледот кон Катедралата

Зграда го попречува погледот кон Катедралата

Келнската катедрала долги години стои на листата на светското наследство на УНЕСКО, но поради плановите за изградба на станбени згради во близина се закануваше опасност дека таа ќе биде избришана од списокот. За среќа, пропаднаа плановите за згради и УНЕСКО неодамна реши да ја остави катердалата на листата.

Германскиот новинар и Експерт, Франк Иберал, за нашата прогарма ги објасни причините за таквата одлука.

Господине Иберал како стои ситуацијата дали Келнската катедрала е спасена?

„Келнскиот Дом сеуште не е тргнат од дневен ред, се регистрира секој поединечен сентиметар. Но најмалку се постигна согласност, покраинската влада и сојузната влада и келнската градска управа, а тоа веќе е нешто. Што сега може да се смета за серизоно.“

Кога се воочи во Келн, дека зградите евентуално би можеле да и наштетат на келнската Катедрала?

„Кога веќе беше предоцна и кога беше донесена одлука. Се случи така да овие згради требаше да се направат и кога се помина низ парламентарните гремиуми. Зелените предупредија дека би можело да има проблеми со УНЕСКО, тогаш тоа се занемари, се велеше да не дискутираме долго за тоа, економскиот развој е поважен, токму поради ова и проектот ги премина пречките. Имено не се размисли вистински и УНЕСКО со право се чувствуваше дека долго време не беше сфатен сериозно“

Келн е најважната метропола на Рајна, дали градот помалку го емитира Франкфурт?

„Се разбира дека постои интересен да се привлечат големите претпријатија и да се задржат, на пример Луфтханса. Со инвеститорите се играше така да го наречам и покер, имено се кажа дека се ќе се добие изнајмено, но подоцна не дојде до тоа. За зградите не се најдоа изнајмувачи. А тоа воедно е и трагичното во целата приказна. Не е големата пресретливост на Келњаните, која довде до тоа сега да постојат добри шанси Катедралата да остане на листата за светско наследство на УНЕСКО, туку поради тоа што во моментов канцелариите не се исплатат и затоа нема да се гради.“

Дали најавата дека келнската Катедрала може да биде избришана од листата на светско наследтво на УНЕСКО ги уплаши и можните изнајмувачи?

„ И тоа е можно. За угледотот на една фирма не е доборо ако во цела Германија името се поврзува со овој случај. Сепак Германија е потписник на конвенцијата на УНЕСКО. Ако овде во Келн секој прави што сака и едноставно ја повредува конвенцијата сигурно не е добро. Претпријатијата внимаваат на тоа која адреса ја ставаат на писмата, ако се чуе дека тоа е токму адресата која предизвика реакција и која е виновна за негативното влијание врз еден историски споменик.“

Како изгледа во моментов со зградите околу Катедрала во Келн?

„Сеуште не е сосема јасно. Се притисна проблемот за вистински ефективно да се заклучи, тоа ќе го содржи и пакетот на преговори со УНЕСКО. Треба да бидеме многу внимателни за градот Келн не оди повторно дотаму и работите да не ги сфаќа сериозно, и се да се направи провизорно. “