1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Келнската катедрала доби „помилување„

Катедралата во Келн останува на црвената листата на УНЕСКО како загрозено културно наследство. Ова вчера во Дурбан го реши комитетот за светското културно наследство на оваа органзиација. Со тоа е надминато страхувањето дека келнската катедрала ќе го загуби тој статус.

Проблематичниот облакодер што го затвора погледот кон келнската катедрала

Проблематичниот облакодер што го затвора погледот кон келнската катедрала

Катедралата во Келн доби помилувачки рок. Заканата за губење на статусот „светско културно наследство„ останува, но катедралата и натаму ќе се води на црвената листа. Германската делегација излезе од пленарната сала со сериозни лица, но сепак можеше длабоко да воздивне на првата пауза. Првата реакција на инженерката Барбара Шок-Вернер:

„Половина олеснување, половина застрашување„.

И на нејзиниот колега Бернд Штрајтбергер не му беше до смеење:

„Не баш исправно. Беше тешка дебата и за нас вкупно разочарувачка дебата, морам да кажам. Напорите што ги направивме ние во Келн скоро воопшто не беа прифатени. Напротив, работите уште повеќе се заострија и остана заканата до колку за половина година не поднесеме соодветен извештај, тогаш ќе не избришат од листата на светското наследство„.

Тврдокорните во комитетот на УНЕСКО во кој има 21 член веднаш сакаа да и го одземат на катедралата статусот „светско културно наследство„. Според нив, облакодерот од другата страна на Рајна веќе сега го нарушува погледот кон катедралата, а новите планирани згради се неприфатливи, смета УНЕСКО. Но, имаше и пофалби, вели Барбара Шок-Вернер:

„Сите говорници подвлекоа дека келнската катедрала е во многу добра состојба и дека напорите за нејзино одржување се многу добри. Се појави и зборот ’икона’ за неа и ’најдобра на листата на најдобрите’, но и јасно барање до градот Келн, да претстави ревидиран план. А, ако градот продолжи да го спроведува планот со високите згради, тогаш вистина се заканува бришење од листата„.

Тоа значи дека до 1 февруари идната година градот Келн има рок да направи нов план за градбите околу катедралата, односно да ги запре плановите за градење високи згради. Такво нешто УНЕСКО не прифаќа. За катедралата повторно ќе се решава во јуни идната година.