1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Келер со опомена до Шојбле

*

Германскиот претседател Хорст Келер го опомена мнистерот за внатрешни работи Волфганг Шојбле за поголема воздржаност при презентација на неговите претстави за заштита од тероризмот. Шојбле како одговорен министер има задача да размислува за соодветни мерки. Но предлозите доаѓале во вид на стакато поради што граѓаните тешко ги преработуваат, рече претседателот за втората програма на германската телевизија. Германскиот претседател изрази и сомневање за размислувањата за министерот Шојбле за убивање на терористи без судска одлука.