1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Келер побара подобри трговски услови за африканските земји

*

Германскиот претседател Хорст Келер на отворањето на Африканскиот партнерски форум во Алжир ги повика индустриските нации да им обезбедат подобри трговски услови на африканските земји. На манифестацијата се присутни претставници на Г-8 земјите, Организацијата за економска соработка и развој ОЕЦД и претставници на африканските земји. Претходно Келер со неговиот алжирски колега Абделазис Бутефлика разговараше за политичката клима во земјите на Магреб и состојбата со африканските бегалци во Европа. Алжир е првата дестинација од еднонеделната африканска турнеја на Келер.