1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Келер: „Ние Германците со срам и ужас гледаме на Втората светска војна“

На свечената седница на Бундестагот и Бундесратот по повод 60-годишнината од Втората светска војна зборуваа сојузниот претседател Хорск Келер и претседателот на Бундестагот Волфганг Тирзе.

Илјадници луѓе кај Бранденбуршката порта го следат говорот на претседателот Келер во Бундестагот

Илјадници луѓе кај Бранденбуршката порта го следат говорот на претседателот Келер во Бундестагот

Чесниот однос со злосторничкото минато во меѓувреме стана „дел од нашиот колективен идентитет како Германци“ – рече претседателот на Бундестагот Волфганг Тирзе на почетокот од денешната свечена седница на двата дома на германскиот парламент - Бундестагот и Бундесратот, по повод 60-годишнината од крајот на Втората светска војна. Тирзе повика на одбрана на демократијата: „Зачувувањето на сеќавањето на жртвите не обврзува на одбрана на демократтијата денес и на активна мировна политика“. Претседателот на Бундестагот на почетокот од свечената седница им оддаде почит на сите жртви на насилното владеење на националсоцијализмот и војната.

„Ние Германците со срам и ужас фрламе поглед на Втората светска војна започната од Германија и на сломот на цивилизацијата – холокаустот, извршен од Германци“ – рече германскиот сојузен претседател Хорст Келер во говорот на свечената седница. Ние сме одговорни да го одржуваме сеќавањето на сето страдање и причините за него, и ние мораме да се погрижиме тоа никогаш веќе да не се повтори. Нема ставање точка на тие настани“ – подвлече Келер.