1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Келер и Меркел на собирот на евангелистите

*

Сојузниот претседател Хорст Келер и канцеларот Ангела Меркел денеска во Келн ќе учествуваат во работата на Конгресот на припадниците на Евангелистичката црква во Германија. Меркел ќе дискутира со носителот на Нобеловата награда за мир Мохамад Јунуз од Бангладеш на тема “Креирањето на светската економија”. Келер, пак, ќе земе учество на јавната дебата за глобализацијата.

31-от собир на припадниците на Евангелистичката црква, на кој според наводи на организаторите континуирано учествуваат повеќе од 100 илјади луѓе, завршува утре.