1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Келер: „Грчко македонскиот спор да се реши во партнерски дух„

Македонија и Грција, спорот за името треба да го решат како партнери, смета германскиот претседател Хорст Келер,во интервјуто за Дојчланд Функ.Но, ако решението се одлоговлекува ЕУ треба да заземе јасен став,вели Келер.

default

Келер во Скопје

Грчко македонскиот спор со името е тема којашто бара да и се посвети посебно внимание, особено од Грција, смета германскиот претседател Хорст Келер. Во интервју за Дојчланд функ, по посетата на Скопје, тој препорачува двете земји да го решат проблемот во партнерски дух

„Извесно дека Македонија некогаш ќе стане членка на ЕУ, и тогаш двете земји на некој начин ќе бидат партнери во едно политичко единство. Поради тоа и сега треба да имаат сопствен интерес овој проблем да го решат во партнерски дух. Во спротивно, вели Келер, ЕУ треба да заземе јасен став.

„Ако ова се одолговлечи, тогаш сметам дека ЕУ треба јасно да каже дека нема разбирање за тоа. Посакувам да видиме поголема подготвеност за компромис од Грција.

Македонија и припаѓа на Европа

Келер смета и дека Македонија нема набргу да стане член на ЕУ, но таа и‘ припаѓа на Европа. Според него, Македонија има да заврши уште многу домашни задачи на патот кон Брисел.

„На пример, сеуште нема службеници кои ќе мислат за општото добро како основа на нивната работна етика и морал. Економијата мора да заживее. Потребни им се инвестиции за да се отворат работни места. Мора да биде создадена поголема правна сигурност. Значи, има многу работи. Затоа Македонија нема сосема бргу да и‘ се приклучи на ЕУ, но тие сакаат во унијата и мислам дека таму и припаѓаат. Ако и самите вложат повеќе напори, тогаш ќе имаат уште пооправдано барање дека треба да им се помогне. И, јас се залагам за тоа.“ Келер и во оваа прилика повори дека за него поделбата на Европа ќе се надмине кога и Балканските земји ќе станат дел од европското семејство.