1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Келер во Романија

*

Германскиот претседател Хорст Келер ја повика Романија порешително да се бори против корупцијата и да го реформира судскиот систем. „Корупцијата најмногу им штети на обичните граѓани“, порача Келер по средбата со романскиот претседател Трајан Басеску во Букурешт. На свечениот прием во негова чест, Келер ја истакна улогата на германските претпријатија за економскиот напредок на Романија. Германија е најважен трговски партнер на Романија. Келер денеска заминува за Софија.