1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Келер во Гана

Германскиот престедател Хорст Келер ја продолжува посетата на Гана. Во рамки на четиридневниот престој во главниот град Акра, Келер разговараше со домаќинот, претседателот Џон Куфор, а учествува и на втората конференција на иницијативата „Партнерство со Африка„ Келер соопшти дека Германија и ги простува долговите на оваа африканска земја

default

Веста за простувањето на долгот Хорст Келер му ја пренесе лично на претседателот на Гана Џон Куфор за време на разговорите во Акра. Се работи за 270 милиони евра кои африканската држава и ги должи на Германија најави простување на дфолговите од 270 милиони евра. Келер по средбата изјави:

„ За мене целта е африканците да можат да доживеат да ги слушаме и гледаме без предрасуди и со надменост, и сите да разбереме дека ја делиме заедничката судбина на оваа планета„ рече Келер

Инаку Хорст Келер учествува на втората конференција на иницијативата Партнерство со Африка, која тој ја основаше. Првата конференција во ноември 2005 се одржа во Бон, Германија. Посетата на Гана Келер ја завршува утре