1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Кежаровски осуден на четири и пол години затвор

Новинарот Томислав Кежаровски е осуден на четири години и шест месеци затвор, поради објавувањето на идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“.

Пресудата за новинарот на весникот „Нова Македонија“ доаѓа по многубројните повици за неговото ослободување од повеќе новинарски организации и претставници за граѓанскиот сектор. Пред да биде осуден, Кежаровски на рочиштата порача дека никогаш не загрозил нечиј живот, туку дека само ја извршувал својата новинарска работа.

Во однос на откривањето на идентитетот на заштитениот сведок, Кежаровски неколку пати изјави дека тој е жртва и колатерална штета за да се сокрие самооткривањето на сведокот.

Останатите обвинети во предметот „Ликвидација“, меѓу кои имаше судии, адвокати и обвинители добија казна затвор од 1 до 5 години. Сабедин Џини-Хофман доби една година и шест месеци затвор, поранешниот истражен судија Валентин Зафиров е осуден на 5 години и 6 месеци затворска казна, обвинителот Ивица Ефремов ја доби истата казна како и Кежаровски. Пензионираниот врховен судија Борис Николовски ќе биде во затвор една година, Јане Павловски доби 1,6 години затвор, а поранешниот судија во велешкиот суд Сашко Лазаров е осуден на затворска казна во траење од една година.

Поврзана содржина