1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кво вадис Италија?

Силвио Берлускони по најавената оставка на италијанскиот премиер Марио Монти порача дека сака повторно да застане на чело на владата. Меѓутоа во меѓувреме за премиерската функција во кризна Италија има други фаворити.

default

Силвио Берлускони

„Берлускони повторно изнурка и сега сака да не фрли пет години наназад“. Ова се зборови на Пјер Фердинанд Касини, лидер на италијанските демохристијани. Тој, како политички конкурент, очекувано реагираше на најавата на Берлускони дека повторно ќе се кандидира за премиер на Италија. Притоа Италијаните поднесоа големи жртви да спречат развој на настаните каков што имаше Грција, изјави шефот на италијанските демохристијани за државната телевизија.

Ерата на Берлускони е завршена?

Mario Monti

Италијанскиот премиер пред заминување - Марио Монти

За време на викендот повторно дојде до промени на италијанската политичка сцена. Премиерот Марио Монти кој како непартиска личност веќе 13 месеци е на чело на техничка влада смета дека партијата на Берлускони „Народ на слободата“ (ПДЛ) го остави на цедило. Тие не му изразуваат доверба во двата дома на италијанскиот парламент. Сега Монти сака да поднесе оставка и тоа веднаш откако ќе биде усвоен важниот закон кој се однесува на буџетот на гаранциите за негова стабилност. Тоа би можело да се случи пред Божикните празници, така што нови парламентарни избори би биле можни дури во февруари или март 2013 година.

Сите аналитичари меѓутоа се согласуваат дека е малку веројатно оти 76-годишниот Берлускони по петти пат би можел да стане премиер. Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека тој со 15 проценти поддршка би бил зад Пјерлуиѓи Берсани од христијанско-социјалната партија - ПД. Берсани би освоил двојно повеќе гласови. Рудолф Лил, историчар од Келн и експерт за Италија смета дека намерата на Берлускони повторно да се кандидира за премиер е нерационална. „Тоа нема да му успее со оглед на сето лошо што го направи во земјата и што во меѓувреме беше поправено од други“. Иако Берлускони се’ уште е во состојба да фасцинира дел од членовите на својата партија сепак Лил смета: „Ерата на Берлускони е завршена“.

Различно сфаќање за демократијата

Умерено левичарската партија на Берсани одржа и тест- своевидни предизбори, на кои учествуваа милиони луѓе и на кои оваа партија излезе како апсолутен победник.

Italien Pierluigi Bersani

Пјерлуиѓи Берсани лидер на христијанско-социјалната партија - ПД.

Во партијата на Берлускони, предизборите беа постојано попречувани од внатрепартиски конфликти кои во голема мерка ги предизвика самиот Берлускони, кој конечно потоа се самопрогласи за апсолутен победник. Споредувајќи ги двете партии Лил вели: „Умерено левата партија на Берсани е демократски структуирана, додека ’Народот на слободата“ на Берлускони автократски“.

Берлускони својата партија пред неколку години ја основа сам и со неа претседава сам. Сега ја користи како отскочна штица за предизборната кампања. Експертите очекуваат популистичка кампања на медиумската машинерија во сопственост на Берлускони. Германскиот историчар Лил смета дека 61-годишниот Берсани, скромна личност, пуши цигарилоси и во говорот користи оригинални метафори, би бил добар наследник на Марио Монти. Но додека тој не дојде на власт на Италија и се заканува парализа.