1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Квартетот на Драган Даутовски во Берлин

Концертот беше настан број еден на македонската вечер на која Квартетот се претстави со музика од албумот "Патот на сонцето"

Синока во салата Гласкастен во Берлин се оддржа вистинска македонска вечер. На настанот на вечерта - концертот на Драган Даутовски квартет му претходеше прием што го организираше македонската амбасада во чест на стекнатиот статус на Македонија -кандидат за членство во Европската Унија и изложба на група автори со македонско потекло.Сепак, вниманието на публиката нормално беше сконцентрирано на настапот на квартетот на Драган Даутовски

Драган, Александра, Бајса и Ратко беа ѕвезди за вечерта! Една по една се нижеа песните од последниот албум на квартетот „Патот на сонцет" кој иако е снимен од поодамна е се уште актуелен и омилен кај публиката. Настапот во Берлин е трет во последниве две години. Какви се активности во овој период имаа членовите на квартетот, лидерот Драган Даутовски вели дека во мегувреме квартетот многу активно ја презентирал македонската музика во Русија, Австралија. Многу проекти се работеле и дома.По Берлин следуваат концерти во Португалија, Италија.Се подготвува и наследникот на "Патот на сонцето" и се работи на еден проект кој ке ја воздигни Македонија во рамките на светската култура.

На бројните концерти, како објаснува Даутовски македонската публиката повеке ги бара традиционалните песни, додека во странство музиката на квартетот се доживува како емоција, како нешто што е автохтоно македонско. Квартетот вели Даутовски е во подготовка на новиот албум, во кој ќе биде задржана истата позитивна енергија, истиот стил и атмосфера на изведба.

А Музиката и натаму останува негова животна и професионална преокупација.Тој едновремено е и педагог и професор на Факултетот за музички уметности во Скопје, но признава дека сепак сцената е неговиот живот. Кога е во прашање пак животот, а со него и љубовта, нема сомневање дека негова неразделна е - кавалот. Но, како што понекогаш се случува, така и кај Драган Даутовски годините и зрелоста умеат да откријат и распламнат и нови љубови, кои речиси редовно, кога порано - кога подоцна се обелоденуваат. Кавалот е првата љубов на Даутовски, но делумно открива и една тајна дека сега има и свој втор инструмент. Македонски, стар 6.000 години.Па себеси се гледа во едната рака со кавалот, а во другата со тој стар инструмент кој засега останува тајна, а која сигурно многу скоро Драган даутовски и ке ја обелодени..