1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Квартетот бара мир на Блискиот Исток

Блискоисточниот квартет во Москва се обидуваше да најде начин како повторно да ги обнови директните разговори меѓу Израел и Палестинците. Средбата беше засенета од кавгата за израелските планови за изградба нови населби.

default

Учесниците на средбата за Блискиот Исток во Москва

Членовите на квартетот пред почетокот на разговорите најавија преглед на состојбата, но не и повеќе. Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун беше резервиран во изјавите за печатот околу исходот на разговорите. Како што се очекуваше, квартетот побара од двете страни да започнат со преговори што е можно побргу: „Квартетот смета дека преговорите би завршиле со спогодба, со која ќе се стави крај на окупацијата која започна во 1967 година. На крајот треба да се создаде независна, демократска, автономна држава на Палестинците, која ќе опстојува рамо до рамо со Израел и другите соседи, во мир и безбедност.“

Symbolbild USA Israel Palästina Naher Osten

Целта е да се создаде автономна палестинска држава

Квартетот побара разговори помеѓу Израел и Палестина

Како што се очекуваше, Бан Ки-Мун во името на целиот квартет побара од Израел да ги стопира сите активности за проширување на еврејските живеалишта. Во изјавата Бан ја осуди и неодамна одобрената изградба на 1.600 станови во Источен Ерусалим: „Квартетот знае дека Ерусалим е од големо значење за Израелците, Палестинците, за евреите, муслиманите и христијаните. Тие сметаат дека учесниците во конфликтот со искрени преговори можат да најдат решение, кое ќе биде прифатливо за сите во Ерусалим. “

US-Außenministerin Clinton zu Gesprächen in Moskau

Хилари Клинтон на средбата во Москва

Шефицата на американскиот Стејт департмент, Клинтон уште еднаш појасни дека постигнувањето на долгорочен мир на Блискиот Исток може да се постигне само со разговори. Пратеникот за Блискиот Исток од САД, Мичел наредниве денови ќе отпатува во Израел и во палестинските подрачја, за да ги подготви таквите разговори според планот на квартетот. Четворката беше едногласна и во критиката за Палестинците. Пред се‘ ракетните напади од појасот Газа мора да бидат прекинати. „Од двете страни очекуваме да учествуваат во преговорите за изнаоѓање решение. Сакаме да создадеме атмосфера во која ќе може да се најде конструктивно решение,“ изјави Клинтон.

Бан Ки-Мун во посета на Газа

UN Generalsekretär Ban Ki Moon in New York

Генералниот секретар на ООН Бан Ки-Мун

Во изјавата нема ставови за тоа какви се плановите, доколку Израелците и Палестинците не се согласат со желбите на квартетот за Блискиот Исток. По тоа прашање министерот за надворешни работи на Русија Лавров не беше концизен: „Учесниците се согласни дека секој од нас треба да ги употреби сите расположиви мерки со цел да започнат преговорите помеѓу Израелците и Палестинците. Сметаме дека нашата изјава денес содржи сосема јасни ставови за ситуацијата и јасно укажува како да се постапува понатаму.“

Квартетот покажа голема загриженост за случувањата во појасот Газа. Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун најави дека уште викендов ќе отпатува во појасот Газа, за лично да се информира за тамошните хуманитарни услови.

Автор: Хајде Раше/Јасна Мушиќ-Јанчулева

Редактор: Александра Трајковска