1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Квантитет наместо квалитет во образованието во Македонија

Коренот на сите проблеми во македонското општество е во слабостите на образовниот систем, сметаат експертите. На сметка на квантитетот се загуби на квалитет. Образованието е поефтинето, кадарот лошо образован.

default

Богата и просперитетна нација може да биде само образована нација. Веројатно инспирирана од ова мото, Македонија во последниве години почна агресивна образовна кампања, го зголеми обемот на инвестиции во образованието, засилени се реформите во овој сектор. Отворени се многу нови универзитети, воведени голем број новини, применети европски стандарди. Но колку сето тоа реално се исплатува? Дали образованието е поефтинето, а Македонија преплавена со неквалитетно образован кадар? Впечаток на многумина е дека денес секој може да стане магистер. Експертите сметаат дека на сметка на квантитетот македонското образование загуби на квалитет.

Mazedonien Land und Leute Schüler in einer Grundschule

„Наидуваме на врв на неквалитет. Студентите се послабо се потковани со основни елементи на оброзовниот процес од претходниот степен на образование. Мислам коренот на сите наши проблеми во општественото живеење потекнува од образованието, од недоволното образование, населението поседува дипломи а всушност не поседува никаков степен на основни познавања“, објаснува за Дојче Веле поранешниот заменик министер за образование и универзитетски професор, Тале Герамитчкиоски.

Школа за докторски студии- рецепт за квалитет?

Studenten in Skopje Foto Petr Stojanovski August 2009


Во Македонија повеќе од 95 проценти од средношколците се запишуваат на факултет. Толку висок процент нема ниту во скандинавските, многу поразвиени земји од Македонија.

Државниот завод за статистика покажува дека лани во Македонија магистрирале вкупно 480 студенти. Со звање доктор на науки се стекнале 157 лица што претставува зголемување за 32% во споредба со 2009 година. Некогашниот министер за образование Ненад Новковски за Дојче Веле оценува:

„ Квалитетот на образование што го имавме е меѓу добар и многу добар и од прилика на тоа ниво се одржува“

Од септември во Македонија стартува третиот циклус на високо образование, таканаречена школа за докторски студии која ќе трае три години. За да се стане доктор на науки нема да биде доволно, како досега, само магистерот да одбере тема којашто ќе ја истражува, туку тој ќе мора повторно да конкурира на факултет, да се врати во амфитеатрите и да оди на предавања. Во Министерството за образование очекуваат воведувањето на оваа новина да преставува драстичен скок на квалитетот на образованието.

Автор: Горан Петревски

Редактор: Симе Недевски