1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Квалификации за ЕП фудбал - победа на Германија

*

Германската фудбалска репрезентација во кавалификациите за наредното европско првенство го совлада Велс во Кардиф со 2 спрема 0. Обата гола ги постигна Клозе, кој беше и капитен на репрезентацијата.

Македонија на гостувањето во Русија е совладана со 3 спрема 0. Во репризата на финалето од последното светско првенство Италија и Франција во квалификациите играа нерешено 0 спрема 0.

Белгиската тенисерка Жистин Анан го освои Отвореното првенство на САД со победата во финалето против Русинката Кузњецова. Во машкото финале ќе играат најдобриот во светот Роџер Федерер од Швајцарија и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој за прв пат се најде во финале на Грен-слем турнир.