1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Квалификации за ЕП во фудбал

Германија, со вчерашниот триумф против Сан Марино од 6:0, го презеде лидерското место во групата Д во квалификациите за ЕП во 2008 година. Избраниците на селекторот Јоахим Лев, на натпреварот во Нирнберг дури во финишот на првото полувреме преку Кевин Курањи обезбедија предност. Разликата во квалитетот дојде до израз во вториот дел кога германците постигнаа уште пет голови. Македонската репрезентација со вчерашниот пораз од Израел со 2:1 ја продолжи неуспешната серија настапи на домашен терен каде три години нема извојувано победа.