1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кај собарот на Папата запленети илјада доверливи документи

Пресудата во аферата „Ватиликс“ по се‘ изгледа ќе падне уште до крајот на оваа недела. Од минатата сабота пред судот се наоѓа собарот на папата Бенедикт Шеснаесетти, кој давал доверливи информации на новинар.

Поранешниот собар на папата Бенедикт Шеснаесетти, Паоло Гарбиеле, во текот на годините очигледно собрал вистинска приватна архива. Полицајците, кои вчера дадоа искази пред Ватиканскиот суд, потврдија дека биле запленети документи кои биле изнесени во 82 картонски кутии од станот на Габриеле.

Портпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди од своја страна ја потврди информацијата:

„Запленета е голема количина документи и хартии. Голем дел од тоа нема врска со случајот, се работи за личен материјал - печатени текстови од интернет. Но, постои голем дел на доверливи документи, кои се наоѓаа меѓу другите хартии“.

Vatikan Gericht Prozess gegen Kammerdiener Sprecher Federico Lombardi

Федерико Ломбарди

Полицајците зборуваат за околу илјада доверливи документи. Станува збор за копии и оригинални документи од бирото на папата Бенедикт Шеснаесетти и неговиот секретар. Некои од документите имаат оригинален потпис на Бенедикт Шеснаесетти, некои имаат ознака - „да се уништи“, одделни се однесуваат на приватниот живот и семејни прашања на Папата. Во книгата „Неговата светост“ на новинарот Џанлуиџи Нуци е објавен само мал дел од доверливите документи пронајдени кај бившиот собар на Папата.

Првиот дел од процесот против него е завршен. Паоло Габриеле призна дека украл доверливи документи, но не се чусвтвува виновен за дело-тешка кражба. В сабота, по пледоајето на државниот обвинител и неговата адвокатка, Габриел има уште една можност да ја разјасни оваа противречност, како што нагласува Федерико Ломбарди.

„Последниот збор го има обвинетиот, ако има потреба нешто да разјасни. Потоа судот ќе се повлече на советување. Може да се очекува, без да наведуваме конкретен временски рок, дека процесот сепак ќе биде завршен в сабота со изрекување на пресудата“, вели Ломбарди.

Вчера повторно се расправаше и за затворските услови. Габриеле се пожали дека неговата прва келија по апсењето во жандармериската касарна била премала. Освен тоа, во неа постојано било вклучено светло. Наспроти ваквите жалби, надлежниот затворски офицер изјави дека Габриеле за време на притворот повеќепати се заблагодарил за добриот третман. Освен тоа, тој постојано добивал посети од членови на семејството и од лекари.