1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Качување по ветерниците на Шлезвиг Холштајн

Љубителите на екстремни спортови секогаш бараат нови предизвици. Што е следно ако сте го искусиле банџи скокањето, падобраните и рафтинг по вода? Ако живеете на рамнините во Германија, можете да се искачите на ветерница

default

Туристи се искачуваат по ветерница

Во големите градови, љубителите на екстремните спортови скокаат од висококатници со мали падобрани. Во планините, скокаат од хеликоптери кон најнепристапните предели, со цел да откријат места недопрени од човекот. Но во Кланксбул, Шлезвиг Холштајн, каде има куќи на големо растојание по германско - данската граница и каде што воопшто нема високи згради или планини, ентузијастите за екстремни спортови најдоа нов предизвик: качување на ветерници.

Windenergie Windrad

Шанса за спортистите кои сакаат височини

Позната како рамнина, околината на Кланксбул не може да се смета за регион кој што би им бил предизвик на љубителите на височините. Но, тоа беше така се‘ додека една група на досетливи тур- оператори не дојде до идеја: да ги промовира 48 метра високите ветерни турбини, од кои се нуди идеален поглед на селската идила, како нов предизвик за освојување на височини.

Секоја среда попладне , од мај до септември, туристите можат да заборават на вртоглавицата и да се искачат на врвот на една од 28-те ветерници во регионот.

Глетка за 18 евра

Откако ќе заврши качувањето „од 100 чекори“ на еден од столбовите, храбрите освојувачи се соочуваат со птичја глетка кон брегот и кон островите Зилт и Фер.

Schleswig-Holstein Karte

Шлезвиг Холштајн: место за алтернативните освојувачи на височини

Качувањето, глетката и адреналинот ќе ве чинат 18 евра, но ќе може да се качувате само доколку сте постари од 14 години. И покрај фактот дека освојувачите на ветерниците се многу добро осигурани со цел да се избегнат евентуални падови, организаторите предупредуваат дека најновото од екстремните спортови не е за сечиј вкус. Уте Ролфс, директор на ,,Wattenmeer“ информатичкиот центар во блискиот Виедингард, вели дека досега не се случиле несреќи.

Победете го стравот

Да се победи стравот е една од позитивните аспекти на спортот. Качувањето, за оние кои го прифаќаат предизвикот, носи посебни „награди“. Од височина, од врвот, има прекрасна глетка, а тоа за спортските ентузијасти е добро затоа што се победува сопственото чувство на страв.

Доколку сепак ветерниците не се ваш стил, а вие и натаму копнеете по височини, зошто тогаш не пробате и качување на силоси? Само за забава и натпревар, по брегот на Северното море па се` до пристанишето во Хамбург, освојувачите се качуваат по 40 метри високи силоси во градовите Бург и Фехмарн, во Северна Германија.