1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Качински ќе распише предвремени избори во Полска

*

Полскиот премиер Јарослав Качински ќе распише предвремени избори за да ја извади земјата од владината криза во која западна. Качински потврди дека неговата партија Право и правда веќе не може да соработува со коалиционите партнери. Следните парламентарни избори, кои требаше да се одржат во 2009 година, најверојатно ќе бидат закажани наесен. Причина за владината криза е отпуштањето на вицепремиерот Анджеј Лепер, шефот на партијата Самообрана, кој е обвинет за корупција.