1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Кацин: Свирепото убиство итно да биде расветлено

Потпретседателот на делегацијата на Европскиот парламент за Југоисточна Европа, Јелко Кацин, во писмена изјава го осуди убиството на петте лица кај скопското село Смиљковци.

default

Јелко Кацин

Свирепото убиството на петтемина македонски граѓани мора да биде што побргу расветлено, побара денеска (16.04.2012) словенечкиот европратеник Јелко Кацин. Според него неопходно е да се утврди кој е одговорен за ова страшно злосторство со што ќе се избегне атмосфера на несигурност и недоверба. Македонските лидери и државните органи мораат да направат се‘ што ќе спречи избувнување на етнички судири.

„Ниту една етничка заедница нема врска со злосторството. Убијците имаат име и презиме и тие мораат да бидат идентификувани“, порачува потпретседателот на делегацијата на Европскиот парламент за Југоисточна Европа.

„Овој страшен злочин е трагичен потсетник колку напредокот во интеграцијата и членс­тво­то во ЕУ и НАТО му се потребни на македонското општество. Меѓуетничките судири во Македонија никогаш повеќе не смеат да се повторат. Политичката и економската рам­ка на ЕУ би бил скапоцен и клучен придонес за стабилноста во Македонија и целиот За­па­ден Балкан“, вели словенечкиот европратеник во својата писмена изјава.