1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Кацин: Македонија може да ја загуби препораката од ЕУ

Словенечкиот пратеник во европскиот парламент, Јелко Кацин, предупреди дека Македонија може да го загуби кандидатскиот статус во ЕУ поради загрозената медиумска слобода и владеењето на правото.

default

Јелко Кацин

Кацин, во изјава за агенцијата Бета, ја пофали новата политика на Европската Комисија кон Балканот, откако вчера Србија доби статус на земја-кандидат, а Црна Гора и датум за почеток на преговори.

Тој вели дека по искуството со Хрватска, ЕК усвоила нов пристап во преговорите со земјите-кандидати, кој би можел да има поволно влијание врз реформите кои треба да бидат спроведени во тие земји. Но, таквите промени, според Кацин, дополнително сведочат за заостанувањето на Македонија и БиХ во европските интеграции. Македонија, која веќе шест години чека на датум за почеток на преговори, би можела да го загуби статусот кандидат поради загрозената медиумска слобода и владеењето на правото, рече Кацин.

Што се однесува до БиХ, услов да се добие кандидатски статус е да се формира нова влада која потоа би спровела уставни промени во согласност со одлуките на европскиот суд за човекови права.

Автор: БГ/бета

Редактор: Е. М. Фиданоска