1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Кацин: Македонија во извештајот на ЕК е оценета премногу строго

Извештајот на ЕК за Македонија е премалку флексибилен, смета европарламентарецот Јелко Кацин. Во интервју за ДВ, тој вели дека се гледа дека ЕУ влегува во тешка фаза, која е последица на финансиската криза.

default

Јелко Кацин, пратеник во Европскиот парламент

Потребна ни‘ е некоја промена, потребен е малку повеќе ентузијазам, но за жал во овој момент мислам дека мора да сочекаме на нови избори и на нова комисија, доколку сакаме да направиме чекор напред и пробив, вели Јелко Кацин. Неговиот на прашањето - дали оценките за напредокот на балканските земји во извештајот битно се разликуваат од случај до случај, гласи: „Секако се разликуваат. Додека во случајот на Хрватска, која е држава кандидат кој преговара, се‘ е изречно позитивно, оптимистично и мотивирачки, за Македонија, на друга страна, е катастрофа. Се бара земјата прво да се докаже на изборите напролет, а дури потоа да се расправа за тоа. Јас на комесарот му реков дека Македонија е, така да кажам, оценета премногу строго, премалку флексибилно. Зашто, има и позитивни достигања и во употребата на јазикот и имплементацијата на Охридскиот договор и.т.н. На друга страна, проблемот околу името, кој не е дел од европските услови што треба да ги исполни Македонија, едноставно ја гуши земјата одамна и кога зборуваме за тоа да се расправа – дали народот како народ и јазикот ќе биде признат како македонски, или тоа, како што тоа некои би сакале, би бил ’јазик на Република Северна Македонија’ – тоа е нешто што ги надминува нормалните рационални рамки и што не е можно да се прифати во европските стандарди.“