1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Кацин: ЕУ е подготвена да го преземе процесот од Нимиц

Словенечкиот европарламентарец тврди оти во Брисел има расположение да се преземе посредничката улога во спорот за името, но нема гаранции оти македонскиот премиер Груевски е подготвен за решение

Моменталната ситуација не е зрела за постигнување на решение на спорот за името, но ЕУ е подготвена да го преземе процесот во свои раце, доколку добие гаранции за тоа, порачал словенечкиот европратеник Јелко Кацин.

„Во ситуација сме да немаме доволно влијание врз Грција, а врз Македонија немаме никакво влијание. Ние во Европската Унија сме подготвени да ја преземеме одговорноста од рацете на амбасадорот Нимиц и да го водиме процесот, но мораме да имаме гаранции дека премиерот Груевски е подготвен да го стори тоа“, изјавил Кацин, кој во моментов е во посета на Вашингтон.

Во однос на последниот предлог на Грција, кој како што пренесе „Дневник“ бил „Славјанско-албанска Македонија“, Кацин потенцирал дека ваквиот наводен предлог предизвикал шок и кај дел од самите грчки европратеници.

„Состојбите не се зрели за решение. Марија Елени Копа денеска беше во шок кога и‘ кажав каков е нивниот официјален предлог за името. Не можеше да поверува во тоа какво нешто предложиле“, потенцирал Словенецот.

Поврзана содржина