1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Кацин: без целосна соработка со Трибуналот нема напредок кон ЕУ

*

Без целосна соработка на Србија со Хашкиот трибунал и без испорачување на хашките бегалци Ратко Младиќ и Радован Караџиќ нема да може да се потпише Спогодбата за стабилизација и асоција со ЕУ, изјави Јелко Кацин, известителот на ЕП за Србија. „Сите карти сега се во вашите раце“, порача Кацин денеска во Белград. Главната обвинителка на хашкиот трибунал за денешен „Фајненшл тајмс“ изјави дека поранешниот српски генерал Ратко Младиќ би можел да биде уапсен веќе во следните неколку недели. Според Дел Понте „доколку српските власти продолжат во правецот во кој одат до сега, тогаш ќе напише позитивен извештај до ЕУ“.